Библијата
Христијаните веруваат дека сè што е запишано во Библијата е вистина. Бог сакал да им овозможи на сите луѓе да веруваат во Него, така, на луѓето што Го слушале им кажал што да пишуваат во книга која подоцна е наречена Библија.
Што има во Библијата?
Кликни на сликите за да видиш што има во Библијата.
Mногу книги
Постојат многу книги во Библијата кои биле напишани од различни луѓе. Бог им покажал на тие луѓе што да пишуваат, и така, на крај, настанала целата Библија.
Настани
Во Библијата се запишани вистински настани за Бог, Исус и за други луѓе, за ние да учиме од нештата кои што се случиле.
Порака за тебе
Библијата ни покажува што сака Бог да знаеме. Можеш сам да читаш од Библијата или да користиш Библијата на интернет. Најдобро е да се започне со книгата „Лука“ (или „Евангелието на Лука“).