Преглед на курсот

Што веруваат Христијаните?

Не си најавен, твоите одговори нема да се зачуват

Небо/Рај

Христијаните веруваат дека Небото е вистинско место. На Небото има луѓе кои живеат заедно со Бог. Тој (Бог) го подготвил Небото за оние кои Му веруваат. Небото е царството Божјо. Онаму каде што нема Бог, има Пекол. Пеколот не изгледа како во бајките, туку е место за страдање. Да се биде на Небото значи да се живее со Бог засекогаш. Да се биде во Пеколот значи да бидеш без Бог засекогаш. Секој што добил нов живот од Исус, ќе живее на Небото после смртта.

Какво е Небото/Рајот?

Кликни на сликите за да видиш какво е Небото.

Со Бог
Во Небото, сите се блиску до Бог. Бог ги сака луѓето, зборува со нив и им помага.
Божјо Царство
Небото е Божјото Царство, и сè што се случува таму е според волјата Божја.
Полно со радост
Во Небото нема никакво зло, бидејќи никакво зло не може да биде во близината на Бог. Затоа таму, сите, секогаш се радуваат.
Полно со љубов
Во Небото никој не е осамен. Бог сите ги сака, сите се блиску до Бог, и сите се сакаат еден со друг.
Без смрт
Сите во Небото имаат нов живот од Исус. Затоа таму нема никој да умира, туку ќе живее засекогаш.
Без болки и солзи
Бог сака само добро за луѓето, затоа не постојат болести на небото, никој не е повреден, никој не е тажен, ниту плаче.
назад

КЛИКНИ-ПРОНАЈДИ

Користиш застарен пребарувач кој не може правилно да ја прикаже веб-страницата.

Те молиме, пробај со друг пребарувач.